Сте знаеле ли: Црквата благословува до четири брака


„Никој не може да го растури она што Господ го споил, а најмалку човекот“.

Оваа фраза често ја слушаме како дел од молитвата за благослов на секоја венчавка меѓу невестата и младоженецот во црква. Со тој црковен чин новата брачна двојка се заветува пред Бога дека ќе се почитува меѓусебно и духовно ќе се надополнува.

crkva vencavka 2Но свештенството на Македонската православна црква-Охридска архиепископија вели дека последниве неколку години е зголемен бројот на граѓанските разводи, па според тоа се зголемува и бројот на црковни разводи. Луѓето не се многу информирани, па ако сакаат вторпат да се венчаат, не ни знаат дека претходно треба да се разведат. Ако верниците се разведат, а не добијат развод од црквата, не може да се венчаат во црква вторпат.

Од скопската епархија месечно стигнуваат до петнаесетина барања за црковен развод. Вообичаено, барањата пристигаат од оние што веќе решиле вторпат да се венчаат. Според црковниот тарифник, за реализација на таквото барање мора да се плати 1.000 денари.

Оние што во минатото побарале црковен развод велат дека тогаш свештениците строго ги забранувале црковните разводи, но дека изминативе години малку попуштиле во процедурите. Инаку, свештениците се обидуваат да ѝ помогнат на брачната двојка и да ѝ дадат последна шанса да се спаси бракот.

– За да може верникот да добие дозвола за втора венчавка, треба да постои и благослов од владиката на епархијата од каде што доаѓа. Тие што бараат развод, пред црковниот суд мораат да докажат некаква брачна измама, за тој да може да се поништи – објаснуваат од МПЦ.

Може да се склучат четири црковни брака. Не е ист чинот на венчавање на секој брак. Првпат кога се венчаваш се пее поинаква молитва, зашто црквата го смета тој брак за вистински и природен. Молитвата за венчавање за втор брак е пократка, односно не се читаат целосно молитвите со кои се благословува првиот брак. Второбрачноста и третобрачноста се допуштаат по икономија, односно во името на некоја поголема цел, на духовна и материјална градба – објаснува отец Бобан.

Nova Makedonija

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1