Обвинителката Лиле Стефанова даде негативно мислење по барањето на Орце Камчев за времен пасош, дознава Канал5.
![](https://mkd-news.com/wp-content/uploads/2019/08/stefanova-kamcev-3298832893289.jpg)
Информацијата за Канал 5 ја потврдија од обвинителството од каде велат дека мислењето веќе е доставено до Кривичниот суд кој треба да се произнесе.
Камчев е осомничен во случајот „Империја“, а го побара пасошот минатата недела.
Освен него таква патна исправа бараше и Цветан Панделевски кој исто така е осомничен во Империја.