Стефанова: Згрозена сум од снимката за „Рекет“, ќе соработувам со Обвинителството за се што знам


Обвинителката која ја водеше истрагата за „Империја“, Лиле Стефанова. во која осомничен е бизнисменот Орце Камчев за ТВ 24 вели дека утрово првпат ја видела снимката во која Бојан Јовановски зема пари од Камчев.

„Не само што не сум знаела дека постои ваква снимка, туку и сум згрозена. Очекувам Обвинителстово за организиран криминал комплетно да го расчисти целиот случај. Јас ќе соработувам и ќе ги споделам сите работи кои ги знам, а сега не можам да ги кажам за да не и наштетам на истрагата“ – изјави во телефонски разговор за ТВ 24 обвинителката Стефанова.

Стефанова повтори дека сите документи за притвор и решенијата во случајот „Империја“ ги потпишувала Катица Јанева.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1