Стејт департмент: Исламска држава подготвува напади во Европа


САД располагаат со информација дека екстремистички групи како Исламска држава и Ал каеда планираат нови напади врз американски граѓани зад границите, вклучително во Европа, јави ТАСС.

– Сите европски земји остануваат ранливи на напади од страна на меѓународни терористички организации, се наведува во предупредувањето за терористичката закана, објавено од американскиот Стејт департмент.isis teroristi 3222

– Нападите можат да бидат извршени од екстремисти, неповрзани со исламистички групи, но кои паднале под нивно влијание. Тие можат да го нападнат транспортниот систем и други места, каде се собираат многу луѓе, без првично предупредување, предупредуваат американски експерти.

Тие истакнуваат дека високата опасност од терористички напади во Европа ќе се задржи, додека европски членови на Исламска држава се враќаат од Сирија и од Ирак.

Досега биле спречени 75 заговори на Исламска држава врз западни земји.

САД се главната цел на групата, се наведува во одделна изјава на Мајкл Макол, претседател на комисијата за внатрешна безбедност на Претставничкиот дом на САД.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1