Стевчо Јакимовски почна да грми – еве кој беше на промоцијата на партијата


Граѓаните бараат власт, но во исто време и опозиција. Поранешниот функционер на СДСМ, Стевчо Јакимовски ја промовираше новата политичка партија, Граѓанска опоција за Македонија. Градоначалникот на Карпош се надева дека ГРОМ наскоро  ќе биде парламентарна партија и сериозна опција на полтичката сцена.

grom8Иницијативи, напредок, визии, идиеи. Ваква политичка платформа им понуди Јакимовски на граѓаните. Тој  ќе се обиде да создаде силна партија од центарот.  Не ја исклучува можноста за соработка со  други политички субјекти.

На  вечерашната промоцијата се дела пристапници и платформата на партијата.  Меѓу присутните беа  дел од неговите поранешни сопартијци, исклучениот од СДСМ  Виктор Цветковски од Куманово,поранешниот пратеник Кире Гештакоски,Чедомир Саздовски претседателот на советничката група на социјалдемократите во Кисела вода кој пред изборите ја напушти партијата, како и аналитичарот Сашо Клековски, универзитетските професори Зоран Костов и Томе Груевски,екс-директорот на Асоцијацијата на приватни и електронски медиуми Виктор Грозданов.

Прес24

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1