Македонецот кој им пркоси на судовите – „До кога господине Стамен?“ – „Додека сум жив!“


Протагонистот на оваа приказна ѝ е добро познат на македонската јавност: „уривач на закони“, „симбол на граѓанскиот активизам во Македонија“, „борец против глупави закони“… — новинарите често знаат да го наградат Стамен Филипов со епитети кои нашиот јунак гордо ги носи. Човекот што веќе две децении будно ја штити уставноста на нашата земја; на 25-ти мај го прослави својот 70-ти роденден.

NAK_1671-copy-sНе е ни чудо што пензионираниот правник од АРМ со чин потполковник, ужива толкава слава и почит меѓу своите колеги, неговата статистика говори за над 1000 иницијативи поднесени пред Уставниот суд, од кои над триста бележат успех. Пред само неколку дена, ја одбележа и својата 13-та подготвителна седница на Уставниот суд, за која тој беше еден од иницијаторите: Филипов, во друштво на повеќе есксперти, повторно го „напаѓаше“ Законот за лустрација.

Статистиката на Филипов говори дека досега се прифатени 305 негови иницијативи пред Уставниот суд; 566 се одбиени, а 40-50 моментно чекаат на одлучување.

„Инаку, актуелниот претседател на Уставниот суд, Бранко Наумовски ме праша: ‚До кога господине Стамен?‘ Му велам, додека сум жив!’“

NAK_1702-copy-s„Не знам дали сум го срушил Гинисовиот рекорд во оваа категорија, но мислам дека во овој крај нема човек што  поднел над 1000 иницијативи пред Уставниот суд. По овие иницијативи укинати се 236  спорни законски одредби, 9 закони во целина, 64 подзаконски акти, од кои 32 се укинати во целост, а одржани се и 13 подготвителни седници. На 21 мај го ‚напаѓав‘ Законот за лустрација. Јас сум еден од иницијаторите, тој Закон според мене не може да постои во Македонија, не враќа само во минатото“, убеден е тој.

Најкотроверзен закон за Филипов е токму Законот за лустрација, но не ги штеди ниту: Законот за работните односи, Законот за пензиското и инвалидското осигурување, Законот за јавни службеници. Според него неодржливо е закон да се менува неколку пати во годината.

Целото интервју прочитајте го на – Академик.мк

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1