Еве кои производители најмногу „фингираат“ податоци колку трошат гориво нивните автомобили


Според истражувањето од страна на Меѓународниот комитет за чист Транспорт (ICCT), производителите пријавуваат во просек 25 проценти подобри резултати и помала потрошувачка на гориво отколку реално. И разликата меѓу декларираните и реалните резултати е десет проценти полоша отколку што беше пред една деценија.benzin3Извештајот се базира на резултатите од повеќе од половина милион приватни и службени автомобили.

Се покажа дека БМВ возилата се со најголем расчекор – со разлика од 30 проценти меѓу декларираната и постигнатата потрошувачка на гориво.
Ги следи – Ауди со 28 проценти разлика, и на третото место се најде Мерцедес со 26 проценти.Најверодсостојни податоци за потрошувачката покажуваат јапонските производители, вклучувајќи ја Тојота кои отстапуваат само 15 отсто, а може да се пофалат и Французите како што се Рено, Пежо и Цитроен со отстапување од само 16 проценти.

Додека Германците се правдаат дека тестовите се извршени во лабораторија, а не во реалниот свет, така што не може да се очекува да биде целосно реални, Грег Арчер од ИКТ ги обвини БМВ, Ауди, Мерцедес и Opel  за се посилно лобирање поригорозната процедура за тестирање која треба да ја донесе Европскиот парламент да се помести од  2017 година. на 2020.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1