Научниците најдоа крв од мамут – на повидок клонирање (Фото)


Руските научници пронајдоа возрасен мамут во сибирскиот мраз, со крв и зачувано мускулно ткиво, па според нивните зборови, тие веруваат дека од ткивото ќе можат да извлечат ДНК и на тој начин успешно да го спроведат обидот за клонирање.

frozenmammothmamut2905

“Не знаеме како крвта успеала да остане во течна состојба на температури кои што постојано се околу минус 10 степени Целзиусови. Можеби имала некакви заштитни својства”, вели Семјон Григориев од музејот на рускиот Источен федерален универзитет.

mammothbloodНејзините колеги во мразот неодамна пронајдоа одлично зачувана женка мамут. Шефот на експедицијата Семето Григориев  за АФП изјави дека животното било на возраст од околу 60 години, и починало пред  околу 10.000 до 15.000 години.

Она што е особено значајно е тоа што експертите се надеваат дека од крвта и од добро сочуваното мускулно ткиво ќе можат да извадат ДНК и во иднина дури и да клонираат мамут.

Во шуплините под мразот тие виделе траги на крв, а откако ја искршиле покривката од мраз, крвта потекла.

Mamut-500x349 104-1-

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1