Треба ли да се осуди? Од милост ја убил неподвижната ќерка – неможел да гледа како се мачи (Фото)


Судењето против Јоси Грегуриќ (57), кој на 8-ми Октомври 2012 година ја уби својата ќерка продолжува во вторник.

Грегуриќ е обвинет за убиство на неговата ќерка Маријана Грегуриќ (23) која три години вегетирала, лежела целосно неподвижна. Татко и’ и’ дал таблети и и’ ги пресекол вените, а истото го направил и на себе. Таа починала, тој преживеал.

joso-greguric-marijana-greguricДо 2009 година Маријана била целосно здрава, се занимавала со манекенство и тренирала кикбокс. Но, тогаш и започнале главоболките и лекарите и’ откриле комплексни аномалии во центарот на мозокот. Три пати ја оперирале, но не успеале да помогнат. По операцијата во Загреб и Сисак, Маријана се вратила целосно неподвижна, не можела да користи ниту нвалидска количка. Од тогаш вегетирала.

Таткото три години го гледал нејзинот страдање и одлучил да му стави крај. Откако и дал неограничена количина таблатети, ги пресекол нејзините вени на рацете. Истото си го направил и себе си. Маријана починала во болница, а него го спасиле.

pokop-marijana-greguricПроцесот во судот во Сисак започна на 18. февруари, кога беше прифатено барањето на одбраната да се спроведе психијатриски преглед на обвинетиот за да се утврди неговата разумност во времето на убиството. Од тогаш судењето неколку пати е одложувано затоа што на обвинетиот му е дијагностициран рак на мочниот меур, па поради операцијата што му е направена тој не бил во можност да присуствуа на рочиштата.

Форензичките резултати покажале дека Јосип Грегуриќ во времето на убиството не бил во добра психичка состојба. Сепак тој е обвинет за убиство и се соочува со казна од најмалку пет години затвор, бидејќи во хрватскиот кривичен законик не постои убиство од милост. Сепак ако се утврди дека во времето на злосторството тој не бил психички стабилен, можно е да му се намали казната, а постои можност и за спогодба со државниот обвинител.

Share Button
MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1