СТИГНА НАПЛАТА: 30 ГОДИНИ ДОЛЖЕН ЗА УНИФОРМА ОД ЈНА


Дури пред две месеца дошол судски извршител да му го наплати долгот со камата од 10 години, но тој не бил дома, па извршителот го попишал тракторот од тип 558 и тракторско гребло.

Зоран Ристановиќ од Горна Горевница можел да остане без деловите на својот движен имот, поради долг настанат, зашто не ја вратил навреме униформата од ЈНА, за која се задолжил пред 30 години.

„Спорната“ униформа од ЈНА, Ристановиќ ја задолжил уште од 1982 година, кога бил последен пат на воена вежба, каде имал обука за скијање, а со пресудата на Општинскиот суд во Чачак, која следеше 19 год. подоцна, мора да плати долг од 4.570 динари, затоа што униформата не ја вратил.

Ристановиќ објаснува дека дури пред два месеца дошол судски извршител да му го наплати долгот со камата од 10 год., но и дека тој не бил дома, па извршителот го попишал тракторот од тип 558 и тракторско гребло, зашто останатиот имот се уште се води на неговиот татко Велисав.

Тој рекол дека потоа отишол да разговара со судскиот извршител, кој му објаснил дека од 2003 година, постои налог за извршување.
Ристановиќ кажува дека не му е јасно што работеле скоро десет години, и додава дека „веројатно чекале да порасне каматата“.

Александар Младеновски

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1