Жак Сапиро: Еврозоната нема да ја преживее оваа зима, ЕУ мора да го признае поразот за тој проект


Еврозоната нема да ја преживее зимата, тврди Жак Сапиро, директор на високата француска школа за друштвени науки, и истакнува дека унијата мора да го признае поразот за тој проект.

Како што пренесуваат француските медиуми, Сапиро се сомнева дека наскоро ќе се најдат средства за спасување на еврозоната.
Ако ЕУ успее да премине на обемен економски раст почнувајќи од 2013-2014 година, тогаш како суштински магнет за другите економии ќе ја сочува својата специфична тежина.
Сапиро се надева дека владите на земјите-членки на ЕУ побрзо ќе ја прифатат логиката на екомоски раст отколку политиката на намалување трошоци која е неопходна за зачувување на еврозоната.

“Дали на еврозоната би требало да и се овозможи правото на понатамошно постоење и дали треба да и се дадат средствата кои и одговараат? “ прашува Сапиро
Тој наведува дека клучното прашање не е дали Германија го сака тоа или не. Прашањето е дали таа може да го направи тоа.
Ако се прифати опцијата ЕУ да признае дека проектот доживеал фијаско- тогаш треба да биде донесена одлука за тоа да се спасува она што останало за спасување. Односно, да се направат напори  во областа на почитичката и економската интеграција на единствениот простор.

Сапиро смета дека во ваков облик еврозоната тешко дека ќе ја преживее зимата во 2013 година, но тоа не значи дека ќе исчезне ЕУ. Тој наведува дека унијата ќе помине низ процес на реформи но дека ќе го  продолжи својот развој.
Вистинското прашање се крие во развојот на европската економија. Ако апсолутно еднозначно се предложи политика на намалување на трошоците, тоа економијата ќе ја однесе во долгорочен пад во текот од 4 до 6 години.
“Во врска со тоа, политичката тежина на ЕУ во меѓународната арена значително ќе се намали што последично ќе донесе бројни кризи внатре во унијата” предупредува Сапиро.

Share Button

Tags:

Иренa Мрческа

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1