Стигнаа анализите од земјиштето во Дума: Еве кој и како изрежира хемиски напад врз цивили


Наводниот напад со хемиско оружје врз цивилите во сирискиот град Дума го изрежирале и снимиле припадниците на групата Бели шлемови, тврди денеска генерал полковникот на руската војска Виктор Познихир.
Тој изјави дека испитувањето на тлото на местото на наводниот пад не открил ниту еден доказ кој би ги поткрепил тврдењата дека се случил напад со хемиско оружје.

„Примероците од тлото во Дума не покажаа траги од хемиски агенси“, рече рускиот генерал и наведе дека докторите во локалната болница им рекле на руските имспектори дека не ги лечеле пациентите кои биле жртви на било каков хемиски напад.

„Тој 7. април направен е веројатно последниот обид да се исценира напад со хемиско оружје во источна Гута. Озлогласените бели шлемови, кои оперираат како дел од терористичките групи, исценирале и снимиле напад со хемиско оружје врз цивили во градот Дума“, им рече тој на новинарите.

Познахир, кој е заменик на началникот на Главната оперативна единица на рускиот генералштаб, рече дека терористите од почетокот на хуманитарната операција во источна Гута, не успеаја да лажираат напад со таканаречено хемиско оружје врз цивилната популација.

„Во текот на хуманитарната операција, илегално вооружените единици кои се борат во источна Гута, постојано се обидуваа да предизвикаат провокации, со наводна употреба на токсични хемикалии, само за да ја ги обвинат силите на сириската војска дека користеле хемиско оружје“, рече Познихир.

Тој наведе дека во подземните тунели во Хазрами е пронајдена работилница во која екстремистите полнеле муниција со отровни хемиски агенси.

Share Button
MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1