Стивен Сегал добил српско државјанство!


Холивудски актер Стивен Сегал (63) кој неколку пати престојуваше во Србија, неодамна добил српско државјанство.

Указот за државјанство го потпишал српскиот премиер Александар Вучиќ, пренесуваат српските медиуми. stiven-sigal-650x396

Сегал неодамна двапати престојувал во Србија каде се сретнал со највисокото раководство на Србија, го посетил прифатилиштето за деца во Белград и свирел со својот бенд за дочекот на Новата година во Белград.

Сегал неодамна изјавил дека Србија трпела ужасна неправда во поновата историја, а дека во САД постојат предрасуди за Србите и погрешни уверувања за случувањата во текот на 1990-тите години.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1