Што пишува во предбрачниот договор помеѓу Том Круз и Кејти Холмс?



Од сите гласини за Том Круз, за еден се зборува многу повеќе од сите останати – озборувањето дека Круз пред бракот со Холмс потпишал договор кој е далеку од стандардниот кој го потпишуваат останатите холивудски ѕвезди.

Во 2005 година, четири години по неговиот развод со актерката Никол Кидман, наводно на неколку млади холивудски актерки им дал пет годишна понуда за брак.

Меѓу оние на кои понудата им била понудена биле и Софија Вергара, Скарлет Јохансон и Кејти Холмс, која подоцна стана трета сопруга на Круз.

Се шпекулира дека во замена за брак со Круз, младата актерка ќе добие поттик во кариерата, пари, но и бонус доколку се роди дете.

За Том дете родено во брак е отргнување на шпекулациите за неговиот ексцентричен имиџ во јавноста, и конечно замолчување на гласините дека тој е хомосексуалец. Сега кога веќе Холмс поднесе барање за развод, приказната е пак актуелна.

“Многу е веројатно дека урбаната легенда произлегла од недостаток на разбирање на настаните”, рече Тони Ортега, главен уредник на „ Village Voicea “.

Ортега потврди дека неколку млади жени ја поминале проверкаа од страна на скиентолошката црква и биле тестирани како следната сопруга на Круз.

Секоја од нив пред средбата со актерот требала да потпише неколку договори за „неизјаснување“ која очигледно е стандардна процедура во оваа црква.

До 2004 година. Црквата е бараше нова жена за познатиот актер.

Ортега кој ја следи Црквата на Скиентологијата од 1995 година, тврди дека Круз се наоѓа на  второто или третото место во синџирот на команда во скиентологијата.

Ова е потврдено и од страна на биографот Ендрју Мортон, автор на книгата “Том Круз: Авторизирана Биографија”.

Сепак, како интересен податок се наведува и тоа дека сите три жени во негоивиот живот се развеле од него кога имале 33 години.

Првата жена на Том Круз, актерката Мими Роџерс се омажи со актерот кога имаше 31 година, а се развеле во 1990 кога наполнила 33. По неа се ожени со Никол Кидман кога актерката имаше 23 години. Од неа се разведе во 2001 година односно десет години подоцна. Неговата последна сопруга Кејти Холмс во декември ќе наполни 33 години.

Share Button

Tags: , , , , , ,

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1