Полониум 201 го убил Јасер Арафат?


По 17 дена исцрпувачка болести во Рамалах, палестинскиот лидер Јасер Арафат отпатува во воената болница Перси во Франција, каде се надеваше дека ќе се излекува.

Сепак, болеста не беше утврдена, па Арафат на 11 ноемрви 2004 година почина. Аутопсијата никогаш не беше извршена.
Осум години подоцна, Ал Џезира побара од научниците на Универзитетот во Центарот за судска медицина во швајцарскиот град Лозана да побараат траги од било какви отрови.

Истражувачите ги испитувале примероци од неговата коса, па правеле тестирање и на дрога, но не нашле ништо. Сепак, за да ги испитаат неконвенционалните отрови, како што се софистицираниот  радиоактивен материјал, тие морале да одат на Институтот за радијациона физика во Лозана.

“Откритието што го уби Јасер Арафат бара високо специјализирана опрема, а таква нема во болниците. Затоа примероци беа донесени тука, во Лозана“, изјави Клејтон Свишер, за Ал Џезира Балкан.

“Имаме капа која ја носел кога заминал од Рамалах, а зедовме и неколку примероци од различни локации. На наше големо изненадување во оваа капа и во другите примероци откривме присуство на огромни количини на полониум 201.”, вели Франсоа Бошу, директор на Институтот за радијациона физика.

Полониум 210 е тип кој се произведува во нуклеарните реактори. Тоа е високо токсична супстанција и е непозната се до 2006 година, кога Александар Литвињенко, поранешен руски шпион, а подоцна дисидент, почина во една лондонска болница.

Share Button

Tags: , , , , ,

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1