Јас сум горд што сум капитен на овој тим. Првиот македонски ракометен тим во машка конкуренција што ја освои Лигата на шампионите, изјави по вчерашниот натпревар капитенот на Вардар, Стојанче Стоилов, дополнувајќи дека се надева оти го израдувале целиот град и цела Македонија.
Ракометарите на Вардар синоќа ја освоија титулата во Лигата на шампионите, откако во последната секунда во финалето го совладаа францускиот ПСЖ со конечни 24:23.
Тренерот на Вардар Раул Гонзалес по натпреварот изјави дека играчите биле супер, имале желба да играат и кога требало да играат мудро, го направиле тоа.
-Имавме многу среќа, но се трудевме четири години да влеземе во Ф4. Ние сме шампиони, цела Македонија да биде горда, порача Гонзалес.