Стојановски: Го удрив лекарот зашто „од ќеиф“ не ми дозволи да бидам покрај мајка ми


Скопјанецот Филип Стојановски признава дека го натепал лекарот Атип Рамадани од Клиниката за гастроентерохепатологија, затоа што, како што тврди, тој не му дозволил да биде покрај мајка му и да ѝ помогне додека и била вршена пункција на течност од стомакот, а таа била во хепатална кома и не можела да соработува со медицинските лица, пренесува Плусинфо.

kliniki- brza pomos urgentenСтојановски, за Плусинфо објаснил дека во понеделникот, заедно со татко му и тетка му, ја однеле мајка му, која била во последен стадиум на болеста, на Клиниката за да побараат помош и олеснување за нејзините болки.

– Мајка ми беше во хепатална кома кога ја однесовме во болница. Прво ни рекоа дека нема слободен кревет, па потоа најдоа. По половина час дојде лекарот Атип Рамадани, не избрка од просторијата и ни рече дека ќе прави пункција на течност од абдомен. Тој излезе од собата на мајка ми по 2-3 минути откако ја боцнал и ѝ ја ставил потребната апаратура. Но, кога влегов во собата видов дека таа самата се помрднала при што иглата ѝ излегла, а течноста течеше од стомакот – раскажува синот Стојановски.

Тој веднаш истрчал да го побара лекарот, кој дошол и не дозволил никој од роднините да влезе во собата на мајката.

– Го молев да ме пушти да бидам покрај неа за пак да не ја извлече иглата, но тој ме избрка и повика обезбедување. Кога го прашав зошто не ме пушта кај мајка ми, тој ми рече „За ќеиф“. Е тогаш ми се споија жичките. Сум пребледел и сум го удрил 3-4 пати. Не го легнав на земја како што пишуваа медиумите – вели Стојановски.

Исплашен дека по него ќе дојде обезбедувањето на клиниката, избегал оттаму и по еден час се вратил. Неговата мајка била пуштена дома, а тој отишол во полициската станица „Беко“ да пријави дека го тепал лекарот.

– Иако го опцув лекарот по национална основа, сакам да се знае дека нападот не беше од етнички причини, туку затоа што не ми дозволи да бидам со мајка ми и затоа што ми рече дека тоа не ми го дозволува „од ќеиф“ – тврди 35-годишниот Стојановски, чија мајка починала денеска околу пладне.

Тој наведе дека откако дошло обезбедувањето на клиниката го нападнало физички неговиот 65-годишен татко, мислејќи дека тој се пресметувал со лекарот.

Портпаролката на СВР Скопје, Лиза Бендевска за Плусинфо потврди дека на 16. јуни, во полициската станица „Беко“ е заведен настанот. Според полицискиот записник, во 13.30 часот Клиничкиот центар пријавил дека Ф.С. го нападнал А.Р. по што било излезено на самото место а отпосле е утврден и идентитетот на напаѓачот, кој самиот дошол во полициската станица и го признал делото.

Tags:

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1