Столтенберг: не постои план Б за влез во НАТО без Договорот за името


Генералниот секретар на НАТО Јенс Столтенберг за референдумот во Македонија денеска изјави дека доколку земјата одлучи да го имплементира Договорот за името со Грција, тие се подготвени да ја примат како земја членка на Алијансата.

„Тоа можеме да го сториме брзо, бидејќи веќе ги започнавме пристапните преговори и многу наскоро можеме да го потпишеме протоколот за пристапување, откако ќе се имплементира Договорот за името. Но, тоа зависи од луѓето во земјата и демократските институции во земјата да одлучат дали да го направат тоа или не. Можам да зборувам само за однесувањето на НАТО дека ќе бидеме подготвени да ја прифатиме земјата како членка. Другата работа што можам да ја кажам е дека не постои алтернативен начин. Не постои план Б за влез во НАТО без договорот за името“, изјави Столтенберг во српскиот главенна отворањето на вежба за помош при намерни катастрофи „Србија 2018.“

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1