Столтенберг : Нема зачленување без промена на името, на народот е да одлучи


Заклучокот за Македонија утре ќе биде усвоен како дел од финалното комунике на НАТО од страна на дваесет и деветмината шефови на држави или на влади присутни на состанокот на врвот.

Вообичаено одлуката ја соопшти денеска генералниот секретар Столтенберг кој уште нагласи дека зачленувањето ќе се случи откако земјава во целост ќе ги спроведе обврските од Договорот со Грција.

Известувачот на МРТВ побара коментар од Столтенберг на тоа што 80% од граѓаните се за влез во НАТО, но голем е процентот на оние кои се против промена на уставното име.

„Тоа е одлука на граѓаните на Поранешната Југословенска Република Македонија. Граѓаните имаат една шанса во животот, треба да се искористи. Или ќе го поддржите договорот и ќе се зачлените во НАТО или нема да го поддржите договорот и нема да се зачлените во НАТО“, кажа Столтенберг.

Столтенберг ја објасни процедурата која што ќе доведе до тоа Македонија да стане 30. членка на НАТО под името Северна Македонија и заврши со зборовите: „Нема да станете 30. членка на НАТО ако не се смени името“.

Претходно, изнесувајќи ги заклучоците од состанокот на Северноатлантскиот совет, Столтенберг кажа дека 29-те членки на НАТО денеска на Самитот во Брисел се договориле да ја поканат Македонија да почне пристапни преговори за членство во Алијансата.

Tags:

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1