Стоп за пилешко и јајца од Холандија, Англија и Германија – Македонија воведе забрана


Во насока на преземање на превентивни мерки за заштита од пренесување на болеста Птичји грип во Република Македонија, Агенцијата за храна и ветеринарство донесе времена мерка забрана за увоз на пратки од живина и производи од живинско месо ( вклучително и јајца) по потекло од Холандија, Германија и Велика Британија.

2011-04-05-08-40-58-4-the-egg-yolk-color-is-determined-by-what-the-hen-a

Надзорот на појавата и присуството на оваа болест во Република Македонија се врши согласно позитивните законски решенија предвидени со Законот за ветеринарно здравство, Програмата за сузбивање и искоренување на авијарната инфлуенца (Службенвесникна РМ бр. 82/2007).Станува збор за Програма која е транспонирана од Директива на Советот 2005/94 и Годишната наредба за здравствена заштита на животните.

Рамки на надзорот од  досега анализираните примероци од угинати или заловени диви птици, живина држена во екстензивни и интензивни услови во изминатите години не е утврдено присуството на болеста во Република Македонија,  а истата не е пријавена ниту во регионот.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1