СТОП ЗА ТЕШКИ ТОВАРНИ ВОЗИЛА: В петок стартува забраната на територијата на Скопје


Стартува времениот сообраќаен режим на забрана за движење на товарни моторни возила на подрачјето на Град Скопје. Забраната од 19. овој месец до 31.март идната,  во текот на денот и тоа од 8 часот до 20 часот.

kamionce

Времениот режим се воведува како мерка за справување со зголеменото загадувањето на воздухот на подрачјето на градот Скопје.

Од ова решение се иземаат возилата кои превезуваат добиток, лесно расиплива стока, хуманитарна помош, медицински препарати, комунални возила, возилата на ЈГП, превоз на експлозивни, запаливи и отровни материи, возила за превоз на градежни материјали (сиров бетон), како и градежна оператива која врши градежни работи на градилиштата за Општините во Скопје, Град Скопје и Влада на РМ.

Се молат сите учесници кои управуват тешки товарни возила да се придржуват на поставената сообраќајна сигнализација.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1