Новите руски сообраќајни прописи им забрануваат управување со моторни возила на трансексуални личности, транвестити и други лица со сексуални „пореметувања“, јавува денеска АП.
Активистите за одбрана на човечките права тврдат дека станува збор за неуставна одлука, која е дел од нападот на руските ЛГБТ заедници.
Во одлуката на Владата од 29 декември се наведува дека возачка дозвола не може да добијат лица „со ментални и пореметувања во однесувањето“ според критериумот на СЗО.
Класификацијата на СОЗ вклучува „пореметување на полниот идентитет“, како што е трансексуализам, и „пореметување на сексуалните преференции“, како што се фетишизам и воајеризам.
Организаците за заштита на човечките права тврдат дека станува збор за уште еден пример на методично намлување на основните човекови права на руските граѓани.