Стопирал – му застанал претседателот лично!


Личноста која на Хералд Акоста му понудила превоз со својот автомобил, му рекла дека може да го пренесе само до претседателската палата, а младиот автостопер наскоро сфатил и зошто! Зад воланот бил лично уругвајскиот претседател Хосе Мухика.Hose-Muhika-2-630x496

Тоа е барем она што Акоста им го раскажал на новинарите од дневниот весник Ел Обсерваторе, наведувајќи дека Мухика го собрал на 5 јануари додека стопирал.

 

Тој рекол дека десетина автомобили поминале покрај него, додека стоел со подигнат палец на автопат на југозападот на Уругвај.

Не ги препознал веднаш патниците во автомобилот кои конечно застанале и го превезле, иако „жената му се причинила многу позната“.avtostoper-480x268

„Кога влегов во автомобилот си помислив дека оваа жена ми е од некаде позната“, раскажало момчето алудирајќи на сопругата од Мухика, Лусија Тополански. После извесно време сфатил кои се неговите сопатници.

 

„Не можев да поверувам дека претседателот ме вози“, изјавил тој за Ел Обсерваторе, кој својата авантура ја споделил на Фејсбук, каде што поставил неколку фотографии од маж и жена кои многу личат на уругвајскиот претседателски пар.

Во автомобилот со нив било и нивното куче Мануел.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1