Над 500 лица се сместени во Белградскиот саем, а во текот на деновиве се очекува над 1.000 лица од поплавен Обреновац да се засолнат под кровот на саемот.
Огромен дел од евакуираните лица се мали деца со своите мајки, кои со солзи во очите постојано чекаат да слушнат глас од своите сопрузи, татковци и браќа, за кои нема никаков глас.
Иако таму имаат се што им е потребно, храна, пијалаци и облека па дури и играчки, многу жени не можат мирно да спијат бидејќи не знаат што се случило со нивното семејство.
Вредните луѓе од Саемот се потрудиле и направиле еден затворен простор со кревети, кој е резервиран само за мајки со најмалите.
Големиот број деца, од кои некои плачат, а некои весело си играат, со мајките го поминуваат денот чекајќи ситуацијата да се промени.