Тројца дваесетгодишници загинале, две девојки и едно момче, во сообраќајната несреќа, која ноќеска се случила во Нови Сад.
Несреќата се случила сред раскрсница во центарот на Нови Сад, а учествувале автомобил “golf“ и “ауди 8“. Загинатите се превезувале во голфот, додека со тешки повреди е и возачот на аудито.
Како што јавуваат локалните медиуми, до несреќата дошло кога во нивниот автомобил марка Голф удрило Ауди кое се движело со неверојатни 160 километри на час.
Возачот на Голфот и неговите две сопатнички починале на лице место, додека возачот на Аудите кое удрило во нив, поминал со повреди. Според неофицијалните информации, тој има над 1,1 промили алкохол во крвта. Од силината на ударот Голфот откорнал столб од семафор.