Страотна несреќа во Македонија, прегазено четиригодишно детенце


Во 15 часот на регионалниот пат Тетово-Пирок, се случила сообраќајна незгода во која возило „Фолксваген Голф“ со гостиварски регистерски таблици управувано од страна на 48-годишниот М.Х. од селото Долна Бањица-гостиварско, удрило во четиригодишно детенце од селото Камењане.

Во незгодата детето се здобило со тешки телесни повреди и укажана му била лекарска помош во Клиничката болница во Тетово, по што било пуштено на домашно лекување.

Увид на местото на настанот извршила увидна екипа на Полицијата во Гостивар.

Се работи на целосно расчистување на случајот.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1