soobrakjajkНесреќата се случила кога автомобилот „голф“ со кичевски регистарски таблички изгубил контрола и удрил во куќа. Во автомобилот се наоѓале пет лица, од кои три починале на лице место.Двајцата тешко повредени се пренесени во Медицинскиот центар во Кичево, а едно од лицата е префрлено во охридската болница „Св. Еразмо“.

Се уште не е познат нивниот идентитет, но според неофицијалните информации. станува збор за помлади лица.

Полицијата извршува увид на местото на несреќата.
УТВРДЕН ИДЕНТИТЕТОТ НА ЗАГИНАТИТЕ ВО КИЧЕВО – МЕЃУ НИВ И 15-ГОДИШНО МОМЧЕ