Седум лица меѓу кои три деца се повредени во пожар кој околу 2 часот по полноќ избувнал во стан на улицата „Џон Кенеди“ во Скопје.
Сопственикот на станот, 31-годишниот Х.Ф. се здобил со изгореници од втор и трет степен на двете раце и лицето и е задржан во Ургентен центар-пластична хирургија.
Во пожарот се повредени и И.Ф.(66), Р.Ф.(35) и С.М.(20), кои се задржани во Ургентен центар-токсикологија, како и три деца на возраст 11, 7 и една година кои се задржани во Ургентен центар– педијатрија.
Пожарот е локализиран, а увидот кој треба да ги утврди причините за настанување на истиот, ќе се врши денес.