Станбена зграда на Менхетен во Њујорк делумно се срушила по експлозија. Пожарникарите успеале да го локализираат пожарот, како не би се проширил на останатите згради.
Силна експлозија ја разнесе зградата во која се наоѓа суши ресторанот во Ист Вилиџ на њујоршки Менхетн. Зградата е делумно разурната, а по експлозијата се гледа силен оган и чад до небото. Во зградата се заробени околу 40 луѓе. Според првичните информации околу 30 луѓе се повредени од експлозијата и уривањето на зградата, меѓу нив и двајца пожарникари, објави Њујорк тајмс. Едно лице е во критична состојба.
Пожарот се проширил на уште две згради, а на местото веднаш биле испратени 130 пожарникари и 30 екипи за спасување и гаснење на пожарот. Полицијата веднаш го опколила местото каде што се случи експлозијата, каде што беснее пожарот, во згради во близина на 7-та Улица и Втората авенија.
„ Првиот и вториот кат од зградата се уништени“, рекол еден сведок и додал дека експлозијата се случила во суши-бар сместен во станбената зграда.
Експлозијата се случила на првиот кат, каде што има ресторани, салон за убавина и бутик.