Избегнал сигурна смрт: Црногорскиот фудбалер го пропуштил кобниот лет за влакно


Екипата на шведскиот фудбалски тим Далкурд во последен момент се откажале од патувањето со авионот на германската авиокомпанија „Џерман вингс“ кој се сруши на југот во Франција, пренесуваат српските медиуми.hhgbgh

Во прв момент тој лет им  изгледал како најдобра опција биејќи сите можеле да патуваат со истиот авион. Меѓутоа кога сфатиле дека во Дизелдорф предолго би чекале за следниот лет за Шведска,  го промениле планот и избегнале сигурна смрт. Фудбалерите се одлучиле да се „поделат“ во три авиони сметајќи дека брзо ќе стигнат дома.

Во тој авион требало да биде и Црногорецот Предраг Кашчелан, член на шведскиот фудбалски тим.

– Имавме голема среќа, веројатно не сме ни свесни за тоа што се случи. Екипата патуваше одвоено. И токму мојата група требаше да се најде во авионот кој се урна над француските Алпи. Среќа, голема среќа. Спортскиот директор во последниот момент ги промени авионските карти, бидејќи дознавме дека мораме подолго да го чекаме летот за Стокхолм. Во шок сум, тој ден долго ќе го паметам – изјавил Кашчелан.

Share Button
MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1