СТРАШНА НЕСРЕЌА: Петгодишно дете се бори за живот на скопската Клиника


Во судир, меѓу патничко возило и такси, пред Банско, утринава, потешко е повредено петгодишно дете, додека четворица се полесно повредени.

По укажаната медицинска помош, во болницата во Струмица, четворицата полесно повредени се пуштени на домашно лекување, додека петгодишното дете е задржано и под итно е транспортирано на Клиниката во Скопје.kliniki- brza pomos urgenten

Сообраќајната незгода се случила на регионалниот пат Струмица-Банско, помеѓу селата Муртино-Банско, околу 8 часот.

Во директниот судир на двете возила, едното патничко и другото такси, со полесни телесни повреди се здобиле возачот на таксито Е.Н. (82г.) и возачот на патничкото возило С.А. како и сопатниците Л.М. и М.М., додека петгодишното дете се здобило со потешка телесна повреда.

Според првичните сознанија патничкиот автомобил, со четворицата патници се движел кон Банско, кога директно се судрило со такси возилото.

СВР Струмица ги истражува причините за сообраќајката.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1