Момче е тешко повредено во сообраќајна несреќа која попладнево се случила во скопската населба Драчево, во близина на поштата.
Од полицијата за Курир велат дека во несреката учествувале автомобил Југо и мотор Кавасаки, кој го управувал М.В.
Момчето кое го управувало моторот со тешки повреди е пренесено во ГОБ Св. Наум Охридски, а неофицијално има скршеница на главата и крварење.
На местото на несреќата извршен е полициски увид.
Kurir.mk