Страшна сообраќајка во Куманово – Загина директорот на Домот на култура во Куманово


Утринава околу еден часот, во сообраќајна незгода загина Роберт Павлевски, директор на НУЦК „Трајко Прокопиев” Куманово. Во сообраќајната незгода која се случи на булеварот Трета македонска бригада, повредени се уште две женски лица кои се пренесени на клиниките во Скопје, додека уште две женски лица се оставени на болничко лекување во кумановската болница, објави Кумановскимуабети.303542_3358462200431_894854121_n-674x470

Како што соопшти МВР, до несреќата дошло откако автомобил „субару“ управуван од кумановецот Роби П. (1975), излетал од патот и удрил во бетонски ѕид. Притоа Роби починал на самото место.

Тешки телесни повреди здобиле сопатничките Ц.В. (1975), М.М. (1976), И.Т. (1987) и И.Б. (1984). Првите две се задржани во Општата болница Куманово, а другите се пренесени во Ургентниот центар во Скопје.

– Ц.В. и М.М. со скршеници на двете надколеници се пренесени во Скопје, додека И.Т. и И.Б, едната со скршеници на колено, а другата со скршеници на десната клучна коска, се згрижени кај нас, информира Дежурниот хирург во Општата болница куманово Елена Стојановска.

Роберт Павлевски е професор по музичко образование и беше директор на кумановскиот Дом на култура повеќе години.

По повод смртта на Павлевски, во НУЦК ”Трајко Прокопиев” ќе се одржи комеморација во 12 часот, а погребот е закажан за 15 часот во градските гробишта во Куманово.

Павлевски загина враќајќи се од Комитска вечер што вчера навечер ја организираше ОК на ВМРО-ДПМНЕ Куманово.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1