Страшни детали од хоророт во Виена: 10-годишната Леа, која од својот татко била давена со кабел, починала во болница


Во Виена Новата година почнала со семејна трагедија, во која еден Србин ја убил својата сопруга, ја задавил ќерка си и потоа си пресудил самиот.

Несреќната жена починала на самото место, а 10-годишната Леа била итно пренесена во болница, но и по повеќечасовна борба за нејзиниот живот, лекарите не можеле да ја спасат.
Според соопштението на полицијата, девојчето починало рано утрово.

Како што пишуваат австриските медиуми, таткото девојчето го задавил со кабел.
Полицијата го открила злосторството откако минувачи на тротоарот наишле на машко тело во локва крв.

Набрзо полицијата го открила неговиот идентитет и отишла во неговиот стан, кој се наоѓал во зградата пред која бил пронајден.
Кога влегле во станот ја пронашле мртвата сопруга, која на телото имала бројни убодни рани.

Во другата соба полицијата го пронашла телото на 10-годишната ќерка, која била во несвест.
Мотивите за злосторството засега се непознати, а се претпоставува дека станува збор за семејна расправија.

Полицијата соопштила дека семејството претходно не било пријавувано во полиција, додека соседите меѓутоа наведуваат дека често имале расправии, најчесто поради пари.

Tags:

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1