Страшно сведоштво на момчето, кое се спаси од масакрот во Мексико (ВИДЕО)


Тринаесет годишниот Американец Девин Лангфорд , кој препепшачи 23 километри за да повика помош по масакрот на неговото семесјтво од мексикански нарко банди , раскажува како тие исти бандити на некој начин му го спасиле животот.

Лангфорд бил во автомобилот со неговата мајка Доун, браќата Брикстон (9 месеци), Коди (8 години), Ксандер (4), Тревор и Роган (2) и сестрите Кајли (14) и Мекензи Рејн (9) кога бандата од нарко картел во близина на мексиканскиот град Сонора отворила оган врз нивниот автомобил. Девет лица беа убиени во масакрот, чиј мотив сè уште не е познат. Брикстон, Кајли, Мекензи Рејни, Коди и Ксандер го преживеаја нападот , во кој загинаа Кристина Мари Ленгфорд Џонсон и Ронити Милер и нејзините четири деца .

Момчето плачело за време на телевизиското интервју за утринската програма ,,Good Morning America” во кое го опишува грозоморниот напад. Тој рече дека напаѓачите му кажале нему и на другите преживеани по пукањето да излезат од автомобилот и да легнат на земја, што им ги спасило животите, зашто автомобилот се запалил и изгорел.  „Тие заминаа откако легнавме“, раскажа 13-годишникот.

Потоа, Лангфорд одел  23 километри за да најде помош за повредените помлади браќа и сестри кои ги сокрил во грмушките. „Се плашев дека некој ќе ме следи и некој друг ќе ме застрела“, раскажува Девин.

Момчето опиша и како изгледал нападот врз автомобилот. „Тие пукаа во автомобилот, пукаа рафално. Мислам дека прво пукаа во моторот за да не можеме да се спасиме“, рече Ландфорд, додавајќи дека неговата мајка  очајно се обидувала да го стартува автомобилот. „Автомобилот не работеше. Сигурен сум дека погодија во нешто. Мајка ми се помоли на Бога и се обиде да го стартува автомобилот за да можеме да се извлечеме“.

Кога напаѓачите заминале, Лангфорд одел извесно време со својот деветмесечен брат Брикстон, кого го држел на раце. Кога се уморил, го спуштил Брикстон во грмушки. „Сите многу крвареа . Брзав да избегаме од таму“.

Таткото на Девин, Дејвид, исто така, даде интервју и рече дека неговиот син е херој. “Тој ги спаси своите браќа и сестри. Мислам дека тоа го направи од љубов. Девин го ризикуваше животот за нив. Сите мои преживеани деца се чудо. Колку куршуми испукани во тој автомобил … Зачудувачки е што тие преживеаја”, рече Дејвид Ландфорд.

Истрагата за ова грозно убиство е сè уште во тек.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1