Страв од шпионирање – Русите не сакаат компјутери – купуваат машини за куцање


Со цел да спречи „истекување„ на информации сочувани во компјутерите, руската безбедносна агенција задолжена за чување на комуникациите во Кремљ, се фрлила во потрага по машини за куцање.Русите решиле да купат 20 машини за чукање од компанијата Триумф Адлер (Triumph Adler)

masina za kucanje„Секој облик на електронска комуникација е ранлив“, изјавил Николај Ковалев, поранешниот шеф на ФСБ.

Ковалев кажал дека секоја информација симната од компјутер теоретски може да се заштити, но не постои 100 отстотна гаранција дека тоа ќе биде така. „Гледајќи од позиција на чување на тајните, се претпочита најпримитивниот метод: пенкало или машина за чукање“, изјавил Ковалев за Известија.

Како што пишува агенцијата Франс прес, враќањето во деновите на советската бирократија е предизвикано од објавување на тајни државни документи на сајтот Викиликс и откритието на некогашниот известувач Едвард Сноуден.

Федералната безбедносна служба, која исто така е задолжена за штитење на претседателот Владимир Путин, подготвена е да потроши 15.000 долари за купување на електрични машини за пишување, се вели на сајтот на агенцијата за јавни набавки.

Share Button
MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1