Пациентот кој почина на Клиниката за инфективни болести е од Велика Британија, а во Македонија бил сместен во хотел во скопскиот трговски центар „Мавровка“, јави Сител.
Засега нема прецизни информации дали тој починал од ебола, но бил хоспитализиран со симптоми слични на оваа болест. Исто така, на Клиниката се наоѓа и неговиот пријател, кој се третира.
Целиот персонал на хотелот, како и медицинскиот персонал кој бил во контакт со починатиот Британец, се наоѓа во карантин.