СТРАВ ВО РЕГИОНОТ: Се формира „Исламска држава“ на Балканот?!


Екстремистичките и терористичките движења, кои се базираат на верски интерпретации, можат да ги искористат балканските мотиви за создавање на нова терористичка група, оценуваат експерти, објави Радио Слободна Европа.

Бурим Рамадани, поранешен косовски пратеник, наведува дека милитантната група „Исламска држава“ може да ги искористи меѓуетничките мотиви со екстремистичките идеологии кои се присутни на Балканот.djihad balkan

„ISIS и останатите организации кои функционираат под неа, можат да ја искористат оваа ситуација и да креираат, условно кажано, балкански ISIS. Балканот е сам по себе поделен, постојат меѓуетнички, меѓудржавни и политички тензии. Тоа се главните ризици на Балканот“, наведува Рамадани.

Тој додава дека балканските земји се кревки, со власти кои имаат автократски елементи, без консолидирана демократија, економски развој и со слаб квалитет на образовниот систем.

Слично мислење има и Нуредин Ибиши, член на собранискиот одбор за внатрешни прашања, наведувајќи дека милитантната група може да најде плодно тло на Балканот, а особено на Косово.

„Мислам дека тие можат да се инфилтрираат и да создадат свој систем“, нагласува Ибиши.

Во најновиот извештај на Стејт Департментот за борбата против тероризмот во светот, Косово е оценето како држава со растечки закани од исламскиот екстремизам.

Tags:

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1