Шест патници на автобус се тешко повредени во несреќата која се случила во близина на Париз, кога покривот се одвоил од автобусот.
Возачот на автобусот направил погрешна процена, па се обидел со автобусот да влези во тунел. Од вкупно 58 патници, 30 се полесно повредени, а шест се борат за живот.
„Поголемиот дел од патниците спиеа, и никој не сфати што се случува“, рекол еден од патниците.
Возачот на автобусот, возејќи ги прател упатствата од ГПС-уредот.