Во својата пресуда во случајот Трендафил Ивановски против Република Македонија, Европскиот суд за човекови права заклучи дека имало глобално непочитување на правото за правично судење, јавува дописникот на МИА.
Судот од Стразбур најпрво заклучува дека нема кршење на членот 6 § 1 од Европската конвенција за човековите права, во делот кој се однесува на правото за пристап до суд. Седумте судии оценија дека судовите кои ја контролираа одлуката на комисијата за лустрација во случајот на Ивановски – Управниот и Врховниот суд – ги разгледале сите правни прашања и факти во овој предмет. Посебно, експертот повикан од жалителот пред Управниот суд бил сослушан на рочиштето пред Управниот суд. Според ова, Ивановски имал пристап до судот.
Додека во делот за недостиг на глобална правичност на која се жалеше Ивановски во постапката, Судот од Стразбур посебно внимание му даде на отвореното писмо, објавено во периодот кога постапката за лустрација беше во тек, во кое премиерот се служи со почетните констатции на Комисијата за лустрација, за да го обвини жалителот дека соработувал со тајната полиција на стариот режим. Судот не гледа никаква причина да шпекулира за точката да знае кој може да биде ефектот на изјавата на премиерот врз постапката за лустрација. Доволно е да се истакне дека таа постапка се завршува со неповолна одлука за жалителот и дека изјавата, во однос на нејзината содржина и околностите во кои таа беше формулирана, не се совпаѓа со поимот на „независен и непристрасен суд“.
Покрај ова, Судот од Стразбур се повикува и на преодниот извештај на Европската комисија за Република Македонија, од ноември 2010 година, во кој Комисијата од Брисел оценува дека постапката за лустрација во случајот на Ивановски предизвика „загриженост за извршените притисоци за независноста на судските власти“. Ова мислење уште повеќе го зајакнува заклучокот на Судот.
Овие согледувања се доволни за да се заклучи дека процедурата во нејзината целина, не ги задоволува условите за правично судење. Поаѓајќи од ова, Судот смета дека е непотребно да се одговори на другите средства на жалителот кои се однесуваат на недостиг на непристрасност, посебно оние кои се однесуваат на напредокот во кариерата на судиите кои учествуваа во постапката за неговиот предмет.
Како заклучок на ова Европскиот суд за човекови права, смета дека има кршење на членот 6 § 1 поради недостиг на глобална правичност во постапката.
Не е спороно за страните дека одлуката на Комисијата за лустрација во предметот на Трендафил Ивановски, претставува мешање во вршењето на неговото право за почитување на приватниот живот. Ова мешање се заснова врз соодветните одредби од Законот за лустрација и кои се предвидени со законот, како што стои во членот 8, став 2. Покрај ова Судот е подготвен да призане дека мешањето ја следи легитимната цел за заштита на националната безбедност, според членот 8.
Додека за оправдувањето на мешањето, Судот смета дека разгледувањето на точката да се знае дали Ивановски делувал под притисок кога започнал да соработува со тајната полиција беше главен елемент за да се стават во прашање интересите за национална безбедност и заштитата на правата. Сепак, во согласност со националното право кое се спроведува, властите, па дури и судските, не беа повикани да се изјаснат по ова прашање. Како последица на ова, националните судови ги оценија како нессодветни аргументите на жалителот кои се однесуваа на недостиг на сомневање за согласност за соработка и беа отфрлени. Анализата на судовите не беше доволно продлабочена во случајов за Судот да може да заклучи дека „тоа беше потребно во едно демократско општетсво“ во смисла на членот 8.
Во било кој случај, мешањето во уживањето на правата на жалителот според членот 8 на Европската конвенција за човекови права се диспропорционални од бараната цел. Како последица на одлуката на Комисијата за лустрација, не само што Ивановски беше разрешен од неговите функции како судија во Уставниот суд, туку му беше изречена и забрана за работење во јавната администрацијаи на универзитетите во период од пет години. Покрај ова, законот за лустрација влезе на сила околу шеснаесет години по усвојувањето на демократски уства од страна на Република Македонија. Тоа е елемент кој треба да се земе во предвид кога станува збор за пропорцијланоста на мешањето, со оглед дека секоја нова закана поставена на почетокот на нова демократија од лица ко се предмет на постапките за лустрација треба значакно да се намалени со времето.
Покрај ова Судот неможе да го игнорира фактот, дека жалителот беше регрутиран од поранешната тајна полиција додека беше малолетен. Секако, констатациите на внатрешните јурдикции оставаат да се мисли дека тој продлжил да соработува и откако стана полнолетен, но тој ги прекина сите контакти со тајната полиција најдоцна во 1983 година, односно 27 години пред воведувањето на постапката за лустрација против него. Судот смета дека по толкав временски период, жалителот не претсавува повеќе закана за едно демократско општество за да се оправдаат значајните рестрикции за неговата професионална активност во период од пет години.
Поаѓајќи од ова Европскиот суд за човекови права оцени дека има кршење на членот 8.
Во однос на другите челнови од Конвенцијата на кои се повикуваше Ивановски, Судот сметае дека под аголот на членот 6, беше непотребно да се бара дали има кршење на членот 13.
Европскиот суд за човекови права пресуди исто така дека Република Македонија, треба да му исплати на жалителот Трендафил Ивановски 4.500 евра за морална штета и 850 евра за судски трошоци.