Некои луѓе не ја сакаат контролата на аеродромите. Еден патник на аеродромот „Пулково“ во Санкт Петербург направи целосна шоу програма, со цел да покаже колку тоа го нервира.
Кога дошол до скенерот, почнал да ги соблекува кондурите, ременот, но тој не застанал тука. Додека припадниците на аеродромските безбедносни служби гледале со неверување, човекот ги соблекол и панталоните, кошулата, џемперот па дури и долната облека.
Кога останал „како од мајка роден“, поминал низ детекторот за метал. Но, потоа дошла и полицијата.