Строго чувана тајна: Позната холивудска ѕвезда работела за ЦИА во замена за кокаин


Холивудските ѕвезди на агентите на ЦИА им овозможувале пристап до различни локации, оти сите државници сакаат да се дружат со популарни актери

CIA-logo-500x358Во новата книга на Џон Рицо, поранешен вработен во ЦИА, откриени се со години чувани тајни на американската разузнавачка агенција, а особено е интересна соработката на ЦИА со холивудските ѕвезди, што досега беше чувано во строга тајност, пренесува Јутарњи лист”.
Џон Рицо го прекрши заветот на молчење, па благодарение на неговата книга Човек на компанијата: Триесет години контроверзии и криза во ЦИАА, јавноста дозна како една холивудска ѕвезда им нудела соработка на агентите на ЦИА во замена за 50 илјади долари во кокаин.

Рицо во книгата признава дека ЦИА негувала посебен однос со шоу-бизнис индустријата и градела врски со холивудските продуценти, режисери и филмски ѕвезди.
Како што тврди Рицо, ветераните на филмската индустрија со задоволство ја помагале ЦИА на сите можни начини и тоа поради две причини: поради искрен патриотизам и поради возбудата што им ја носела соработката со ваква служба.

Од друга страна, нивната моќ и меѓународната популарност биле од голема важност за американската администрација. На тој начин тие можеле да дојдат до многу луѓе и локации во странство. Државниците сакаат да се дружат со филмски ѕвезди, појаснува Рицо во книгата.
Еднаш во агенцијата дошла голема филмска ѕвезда во своето време и ги понудила своите услуги во ЦИА сосема бесплатно оти тоа актерот го сметал за своја патриотска должност, вели Рицо. Но, набрзо се дознало дека, всушност, не станува за сосема бесплатна услуга.

Актерот одби да земе пари, но ни кажа дека сака да му набавиме најквалитетен кокаин во вредност од 50 илјади долари. Се чини дека мислел оти ЦИА може да му набави дрога со врвен квалитет”, пишува Рицо и додава дека ја одбил понудата на актерот. Но, еден друг агент не сакал да се откаже.

Знаеме како да набавиме дрога”, рекол другиот агент, но Рицо пишува дека не сакал да дознае како и дека останал на својот став да ја одбие услугата од актерот. Рицо подоцна дознал дека истиот актер соработувал со ЦИА на еден проект, а како што му кажале колегите, таа услуга им ја направил бесплатно.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1