Вознемирувачко: Погледнете го забранетиот филм на Хичкок за нацистичките логори на смртта


Документарниот филм за холокаустот, во чие создавање учествувал и легендарниот Алфред Хичкок, конечно ќе биде прикажан, и тоа во оригинална верзија во 2015 година.

surova-istina-hickok-snimio-dokumentarac-o-nacistickim-lolgorima-1389377188-425417Настанот ќе се случи по повод 70-годишнината од ослободувањето на Европа од нацизмот. Во 1945 година Сидни Бернштајн го повикал Хичкок за да му помогне да го сними филмот, кој се базира на снимките на британската и на руската војска.

Според британскиот камерман кој го снимал ослободувањето на концентрациониот логор Берген – Белсен 1945, Хичкок бил толку исплашен од страшните работи кои ги видел на снимките што не се појавил во студиото цела недела.

Снимањето на овој филм насловен Сеќавање од кампот” е пролонгирано и тој никогаш не бил прикажан во оригинална верзија. Кога конечно бил завршен, почнал да опаѓа интересот за филмовите за ужасите во концентрациониоте логори.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1