Погледнете во вашите стапала за да дознаете дали имате некоја болест


Стапалата можат многу да ви кажат за вашето здравје. Промените на кожата, ноктите или начинот на кој ги чувствувате нозете, може да бидат сериозни знаци за проблеми на здравствената состојба.

Доколку се откријат на време, симптомите може да ви го спасат животот. „Стапалата се први на удар доколку дојде до проблеми во нервниот систем затоа што се најодалечени од срцето и ‘рбетот“, тврди доктор Каролин Мекалун и тоа е една од причините поради кои не смеете да ги игнорирате.

710624-stopalaСтапалата и прстите се без влакна

Ова е показател дека станува збор за проблеми со циркулацијата. Наглото губење на влакната на нозете се знак дека во стапалата не доаѓа доволно крв со која влакната би се одржале и би растеле.

Чести грчеви

Дехидратација и недостаток на хранливи материи се причина за честа појава на грчеви. Покрај тоа може да се појават и проблеми со слаба циркулација и нервни проблеми. Ако вежбате , не заборавајте да пиете многу вода , бидејќи дехидрацијата често води до грчеви. Исто така можете да ја зголемите дозата на калиум, магнезиум и калциум.

Рани кои долго време не може да се излекуваат

Најчесто ова е показател за дијабетес или рак на кожата. Раните кои никако да зараснат укажуваат дијабетес. Неконтролираниот шеќер во крвта може да доведе до оштетување на нервите во нозете, што значи дека при најмала посекотина или рана нема да се чувствувате ништо. Ако се појави инфекција, најлошото сценарио е ампутација. Рани кои не се лекува може да биде знак на рак на кожата . Меланом може да се појави било каде на кожата, дури и помеѓу прстите, па поради тоа не заборавајте редовно ја прегледате вашата кожа.

Постојано студени нозе …

Прочитајте повеќе на БабинЛек.мк

Александра Смилеска

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1