Ова е хирургот кој самиот се оперираше (ФОТО)


Леонид Рогозов, доктор на шестата советска експедиција на Антарктикот, во април 1961, на 27-годишна возраст, на себеси извршил операција на слепото црево користејќи локална анестезија со помош само на еден инженер и еден метеоролог.

Во 1961 година, Рогозов бил стациониран во новоизградените руски бази во Антарктикот. Во истата се наоѓале 12 мажи и сите биле отсечени од надворешниот свет поради поларната зима која се случила во март истата година.

realexposer_Leonid Rogozov
Во месец април, 27 годишниот Рогозов почнал да се чувствува многу лошо. Неговите симтоми биле класични. Имал напад на слепо црево. За да преживее морал да биде подложен на оперативен зафат. Но поради отсеченоста од цивилизацијата и неможноста за каков било транспорт во болница, биле принудени операцијата да биде извршена во самата база. Времето не дозволувало летање, а и не ни имало авиони на блиските станици. За да се спаси, потребна била итна операција. Единствениот човек кој можел да ја изврши операцијата бил самиот тој.

rogozov55Болката била неподнослива и самиот тој знаел дека не му се пишува добро. Ги запишал неговите мисли во дневникот.

„Не спиев ноќта воопшто. Болеше ѓаволски. Снежната виулица како да ми ја камшикуваше душата. Морам да мислам на единствениот можен излез. Не смеам да ги свиткам моите раце и да се откажам“

Рогозов самиот се оперирал речиси еден час и 45 минути. Се пресекол и го отстранил слепото црево, а останатите само немо гледале и по нешто му асистирале на докторот кој одморал на секои пет минути од болката, а на секоја секунда се борел со вртоглавицата и слабоста.

rogozov-22-659x426

На хирургот од помош му биле еден машински инженер и еден метеоролог кои му ги подавале инструментите и држеле мало огледало на неговиот стомак.

 

rogozov1-204x250

Работел без ракавици и тешко можел да забележи што всушност прави. Му помогнало огледалото, но воглавно работел со допир. Крварењето било најголем проблем.

Во моментот кога го отстранил слепото црево, неговото срце започнало значително да забавува, а неговите раце ги чувствувал како гума.

Во тој момент си помислил дека е готово со неговиот живот, но со отстранувањето на цревото, повторно се вратил во живот и сватил дека во основа бил спасен.

За пет дена температурата се нормализирала, а за уште два дена и конците биле извадени.

После овој настан, 27-годишниот доктор стана светски познат. Инструментите со кои Леонид Рогозов ја извршил оваа тешка операција се изложени во Музејот на Арктикот и Антарктикот во Санкт Петерсбург.

rogozov-2-659x426

Share Button
MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1