Строс-Кан: Со жестината на оргиите ги шокирал дури и проститутките!


Доминик Строс-Кан, 65-годишниот поранешен шеф на Меѓународниот монетарен фонд, се најде во понеделникот, заедно со уште 13 лица, на обвинителската клупа поради учество во синџир на проституција.

Деловни контакти

Строс-Кан, кој своевремено се посочувал и како потенцијален кандидат за француски претседател, признал дека учествувал во контроверзните секс-забави и оргии, но нагласил и дека не го знаел фактот дека дел од жените со кои што се забавувал биле проститутки.dominik-stros-kan-1328585176-85359

Имено, тој не можел да процени со што овие жени се занимаваат затоа што – „сите биле голи“. Сепак, од обвинителството го тврдат спротивното, обвинувајќи го Строс-Кан дека ги искористил своите деловни контакти за да ангажира жени за ваквите забави кои се одржувале во Париз и Вашингтон.

Падот на некогаш многу моќниот Строс-Кан започнал во 2011 година, кога во јавноста била обелоденета информацијата дека тој се обидел да силува собарка во еден од хотелите во Њујорк.

Тужбата против него на крајот била отфрлена, откако тој успеал да се договори со Нафисатоу Диало, меѓутоа секс-скандалите во кои што се споменувало неговото име допрва започнале да се појавуваат во јавноста.

Следеле неколку други обвиненија за сексуално злоставување, кои на крајот исто така биле отфрлени поради различни причини, меѓутоа сето тоа кулминирало кога Строс-Кан бил вовлечен во аферата  „Карлтон“ (Carlton), која името го добила по истоимениот хотел во кој се одржувале оргиите.

Покрај него, биле обвинети уште 13 други лица, помеѓу кои е и сопственикот на бордел познат под прекарот „Додо макро“, за кого се смета дека бил и главен креатор на ваквите контроверзни оргии.

„Грижа“ од осум жени

Како изгледале ваквите средби, во својот исказ пред полицијата се потсетила една од проститутките кои што учествувале во оргиите, а нејзиното сведоштво го пренел британски „Дејли мејл“.

Таа раскажала дека во еден момент влегла во апартманот во парискиот хотел „Мурано“ и го затекнала Строс-Кан, додека за него се „грижеле“ осум жени.

– Бев шокирана. Не сакав да учествувам во тоа – изјавила Сандрина Ванденшрик, додавајќи дека тврдењата на Строс-Кан дека тој не знаел дека неговите љубовници се проститутки само се доказ дека тој „навистина сака луѓето да поверуваат дека тој е наивен, а сите останати се идиоти“.

Енормни апетити

Доколку биде прогласен за виновен, Доминик Строс-Кан, кого го опишуваат како „крал на забавата“ и кој самиот ги признава сопствените енормни сексуални апетити, може да се соочи со затворска казна од десет години и милионска парична казна.

Судењето би требало да трае три недели, а Строс-Кан својата одбрана ќе ја изнесе на 10 февруари, за кога се очекува да се откријат и нови детали за овој политички секс-скандал.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1