Струјата ќе поевтини – ама само за фирмите кои од 1 април си бираат од каде ќе добијат струја


Цената на електричната енергија за компаниите кои од 1 април ќе ја набавуваат на слободниот пазар ќе се намали од 13 до 17 отсто, во зависност од тоа на кое напонско ниво се приклучени.

struja-majstorОд 1 април, 222 компании веќе нема да бидат тарифни потрошувачи, туку ќе набавуваат струја на слободниот пазар. Со ова дојде и до измена на цените за дистрибуција на струја кои ги наплаќа ЕВН што поволно ќе се одрази на нивното работење, но и на целото стопанство. Во оваа фаза од либерализацијата, инаку влегуваат компании што имаат над 50 вработени и обрт од 10 милиони евра, меѓу кои се и дваесетина јавни претпријатија. Kорисниците, пак, кои се приклучени на низок напон (втор тарифен степен на 0,4 киловати) ќе може да очекуваат намалување на цените од дури 30 отсто, но од јануари идната година од кога и јавното осветление се очекува да поевтини за околу 17 отсто.

Намалувањето на цените кај овие компании инаку засега нема да повлече зголемување на цените на струјата за граѓаните и малите фирми кои до јануари идната година остануваат тарифни потрошувачи, а потоа ќе може да избираат, дали и тие ќе купуваат струја на слободниот пазар или ќе останат под регулирани тарифи.

Донесување на тарифите за дистрибуција на електричната енергија инаку беше една од последните задачи на РKЕ и ЕВН од усвоениот Акциски план, а пред почетокот на либерализацијата.

Дури 70 компании имаат добиено лиценци за трговија со електрична енергија. Истовремено, две компании, „ЕВН трејд“ и „ГЕНИ-И“ имаат лиценци за снабдувачи со електрична енергија, а во постапка на добивање е и компанијата ЕДС. Овие три од идната година ќе може и на граѓаните и малите компании да им нудат продажба на струја.

„ЕВН Македонија“ пак останува снабдувач во краен случај, односно задолжен за испорака на електрична енергија на оние што од јануари идната година ќе решат да продолжат да ја добиваат како сега, под регулирани услови.

Дневник

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1