Струјата за фирмите поевтина до 40 отсто – за домаќинствата ќе почекаме


Kомпанијата „Енерџи деливери солушнс“ (ЕДС) ги повикува сите компании до 15 ноември да одлучат кој ќе ги снабдува со електрична енергија бидејќи во спротивно ќе бидат снабдувани во краен случај и ќе плаќаат повисока цена. На домаќинствата, пак, им препорачува да останат на регулираниот пазар зашто нуди пониска цена од пазарната.

struja 2Тој посочи дека оние што ќе склучат договор со снабдувач од 1 јануари идната година ќе добиваат фактура со две одделни сметки од кои едната ќе биде за мрежарина и ќе се плаќа на операторот на мрежата, а втората ќе биде за потрошената електрична енергија и ќе биде издадена од снабдувачот. Во втората сметка ќе биде и пазарнината кон МЕПСО. Појасни дека компаниите кои од 1 април годинава излегоа на слободниот пазар на енергија во моментов плаќаат цена од околу 75 евра за мегават час, додека регулираната цена е 96,5 евра за мегават-час.

– Домаќинствата сега плаќаат просечно по 72 евра за мегават-час, цена што ја одреди Регулаторната комисија за енергетика и што ќе важи до 1 јули 2015 година. На слободен пазар не може да се постигне таа цена бидејќи просечната цена на мегават час електрична енергија за 2015 година се движи од 43 до 44 евра. Ако на тоа се додаде и цената за мрежарина од 38 евра што ја одреди Регулаторната комисија од кои 33,3 евра одат за ЕВН и 4,7 евра за МЕПСО излегува дека би можело да се понуди цена од 81 до 82 евра без никакви трошоци што е повисока за 15 отсто од регулираната. Затоа им препорачуваме на домаќинствата да останат на регулираниот пазар до 1 јули 2015 година, а потоа во зависност од цената што ќе се одреди за наредната година ќе им понудиме нешто или не – рече Анѓушев.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1