Тешка кражба на нафта од мобилниот оператор „ОНЕ“ во струмичките села Сушево, Муртино и Босилово, од граѓани на општина Струмица. Кражбата била направена во текот на месец јули и август годинава.
Крадците добиле кривични пријави, откако полицијата открила дека се сторители на седум тешки кражби.
СВР Струмица поднесе кривична пријава против В.И.(56), Д.Ѓ.(26) и Н.Р.(20), сите од Струмица, за сторени седум кривични дела „тешки кражби“
Тројцата натрапници успеале седум пати да провалат во базните станици на мобилниот оператор „ОНЕ“, каде украле дури 3.170 литри нафта, сензори, батерии и акумулатори.
Материјалната штетата се проценува на 357.300 денари.