Зошто секогаш завршувате со погрешен?


Доколку имате константно чувство дека сте магнет за погрешни мажи, можеби и имате право. Постојат одредени модели на размислување  кои постојано ги повторувате, a претставуваат причина зошто постојано завршувате со погрешни.

Но таквите модели најпрво треба да се откријат, а потоа ќе ви биде лесно да ги елиминирате. Ова се 6 најчести модели на мислење и однесување кои ве туркаат право во прегратките на погрешни мажи.

Мислите дека на светот повеќе не постојат фини момчиња
– Доколку мислите дека за вас повеќе не постои “оној вистинскиот” тогаш врска со погрешно момче сигурно ви изгледа како единствена реална опција. Размислете како вие го замислувате оној “вистинскиот”. Ова може да биде првиот вистински чекор кон отстранување на фрустрирачките шаблони кои сте ги создале.

Не знаете што го карактеризира “вистинскиот маж”
– Доколку не сте го замислиле вистинскиот маж, и кој карактеристики според вас тој треба да ги има, тогаш во реалниот живот ќе ви биде уште потешко да го препознаете. Кои се одликите на неговата личност? Во што верувате? Што е потребно тој да поседува за да посакате да се забавувате со него? Доколку сакате да го запознаете вистинскиот најпрво треба да се запознаете сами себе.

Кога ќе сфатите дека сте во врска со погрешна личност не знаете како да излезете од таа врска
– Многу често веќе подолго време сте свесни дека сте во погрешна врска само затоа што не знаете како да ја прекинете. Морате да сфатите дека мислењето на партнерот не ви е потребно буквално за се. Потребно е да се почитувате себе си доволно, а така ќе ги почитувате и сопствените одлуки.Доколку одлучите да прекинете лоша врска, направете го тоа!

Не сакате да бидете сами
– Понекогаш жените привлекуваат лоши мажи само затоа што не сакаат да бидат сами, па така брзо од една врска преминуваат на друга. Потребно е да сфатите дека понекогаш воопшто не е лошо да бидете сами. Тоа време може да биде корисно за рационално ја да согледате претходната врска и се што се случувало во неа. Потребно е да учите на своите грешки и да сфатите дека животот може да биде убав и тогаш кога сте сами. Периодот кога нема да сте во врска ќе ви помогне да сфатите што сакате од следната врска која ќе ви се случи.

Верувате дека од погрешно момче може да направите вистинско
– Можеби имате комплекс на спасувач, можеби несвесно ви е потребен некој кој ќе го менувате и поправате, а можеби едноставно сте оптимисти. Но луѓето тешко се менуваат сами, а уште потешко кога некој константно им наметнува промени. Најчесто оној кој е погрешен останува погрешен, а обидите да го промените наместо среќа може да ви донесе само фрустрации.
Можеби подсвесно константно бирате ист тип на мажи обидувајќи се да поправите нешто што не сте успеале во претходната врска
– Обидете се да ги игнорирате почетните инстикти и побарајте нешто сосема поинакво, можеби промената ќе ви се допадне и така ќе успеете да ги промените негативните модели

Share Button

Tags: , ,

Иренa Мрческа

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1